Македонија
29. јуни 2020 - 19:40

Андоновски: Моја беше организацијата на дружбата на ,,Боемска‘‘, не сме се криеле од инспекција

Христијан Мицкоски не дојде во полициска станица за случајот со кафеаната на боемска улица , наместо него дошол неговиот адвокат. Тој е повикан на разговор за настанот од 3 јуни кога тој седел во затворен дел од угостителскиот објект иако тоа беше забрането согласно мерките против ширење на заразата со Ковид 19. Во полициската станица Центар дојде Љупчо Андоновски, советник на министерот за внатрешни работи, кој вечерта седел заедно со лидерот на ВМРО ДПМНЕ во кафеаната. Тој тврди на негова иницијатива седнале во винаријата која е посебен дел од објектот а сопственикот не ни знаел дека Мицкоски ќе биде негов гостин. Ги отфрла обвинувањата дека ја попречувале инспекцијата, затоа што си биле заминати од винаријата кога од медиумите ги слушнале овие информации. Андоновски вели дека нема правна основаност за ваков случај, но доколку уредбите кои веќе се укинати предвидувале казна подготвен е да ја плати цената.