Македонија
30. November 2019 - 13:35

Андоновска:Нова афера вирус, каде имаме признание за поткуп, а институциите молчат

На македонската јавност и се случува нова афера вирус, каде имаме признание за поткуп, а институциите молчат.

Деновиве имаме јавно признание од сопственик на фармациска фирма дека му е побаран рекет од Агенцијата за лекови. Фирмата имала потреба од дозвола за интервен увоз.

Внимавајте, значи увоз на нешто што е итно и неопходно, а Агенцијата за лекови не дала никаков одговор!

По пријавување на рекетот, сопственикот и фирмата сносат само последици како притисоци, закани, вонредни инспекции, за завршницата да биде незаконско затворање на фирмата.

Ова е само еден од низата случаи во кои фирми бараат дозволи од Агенцијата за лекови, а притоа речиси без исклучок на сите им е побаран финансиски надомест или рекет.

Министре Филипче, откако ја извршувате функцијата не спречувате сомнителни и криминални постапки, напротив на некој начин ги поттикнувате, затоа морате да дадете одговори.

Значи по дефиниција, а вие како министер тоа треба да го знаете, Агенцијата, поточно поединци вршат економска дејност поврзана со организиран криминал – едноставно прават рекет.

Прво, знаете ли што прават поединци од Агенцијата за лекови, регулаторно тело кое ги издава сите дозволи за лекови?

Второ, има конкретен случај за фирма на која и се бара рекет, а има молк од сите надлежни институции, зошто?

Со јавно признание за рекет врз фармацевтска фирма и без никаков одговор од Агенцијата до истата фирма за побараната дозвола, а без никаква истрага некој мора да сноси одговорност.

Министре Филипче, граѓаните ги гледаат сите овие сомнителни постапки, а сега и рекет во вашиот сектор. Токму поради тоа тие ќе стават крај на вашето министерување следната година во април месец.