Анчелоти: Сосиедад одигра многу добро
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, зборуваше по победата на неговиот тим над Реал Сосиедад од 2:0 во натпреварот од 5. коло од шпанската Ла Лига.
Тоа беше прва победа на шампионите како гостин и за прв пат во сезоната Мадрид победи во втор последователен судир.
-Натпреварот испадна тежок, веројатно не заслуживме ниту да победиме бидејќи Сосиедад одигра многу добро. Моравме да се жртвуваме во тешките периоди и го ценам тоа. Слабо го започнавме натпреварот, противниците одлично притискаа на нашата половина, но секогаш успевавме да најдеме слободен играч. Не сме 100 отсто подготвени, но индивидуално играчите значително се подобруваат. Јас сум многу задоволен, но само од резултатот. Критиките за играта ќе дојдат подоцна, сега се важни трите бода, изјави Анчелоти.
Италијанскиот стручњак зборуваше и за улогата на Килијан Мбапе во тимот, кој втор натпревар по ред имаше клучна улога во конечниот резултат.
-Мбапе изгледаше посвежо, беше поактивен со топката, многу е опасен. Добро се комбинира со Винисиус и со напаѓачите, ми се допадна неговата игра, додаде Анчелоти.
Ново на Сител
-
Собранието изгласа недоверба на Тања Чачарова Илиевска и Миљазим Мустафа
-
Трамп: Царините за канадскиот челик и алуминиум ќе бидат 50 проценти
-
Сопружници од Прилеп измамени за 900.000 денари
-
22-годишник од Велес со бензин запалил паркирано „ауди“
-
Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино
-
Манчестер јунајтед планира да изгради нов стадион
-
Лишени од слобода 11 лица, злоупотреба на службена положба и перење пари
-
Таравари: Нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“