Анчелоти: Сосиедад одигра многу добро
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, зборуваше по победата на неговиот тим над Реал Сосиедад од 2:0 во натпреварот од 5. коло од шпанската Ла Лига.
Тоа беше прва победа на шампионите како гостин и за прв пат во сезоната Мадрид победи во втор последователен судир.
-Натпреварот испадна тежок, веројатно не заслуживме ниту да победиме бидејќи Сосиедад одигра многу добро. Моравме да се жртвуваме во тешките периоди и го ценам тоа. Слабо го започнавме натпреварот, противниците одлично притискаа на нашата половина, но секогаш успевавме да најдеме слободен играч. Не сме 100 отсто подготвени, но индивидуално играчите значително се подобруваат. Јас сум многу задоволен, но само од резултатот. Критиките за играта ќе дојдат подоцна, сега се важни трите бода, изјави Анчелоти.
Италијанскиот стручњак зборуваше и за улогата на Килијан Мбапе во тимот, кој втор натпревар по ред имаше клучна улога во конечниот резултат.
-Мбапе изгледаше посвежо, беше поактивен со топката, многу е опасен. Добро се комбинира со Винисиус и со напаѓачите, ми се допадна неговата игра, додаде Анчелоти.
Ново на Сител
-
Штипска Апелација за жалбите на Обвинителство за куќниот притвор на двајцата поранешни градоначалници ќе одлучува утре
-
Украина го обвини главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид
-
Фудбалски судија пријавил напад од голман и физиотерапевт од Влазрими Кичево
-
Уште тројца повредени од пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш
-
18-годишна девојка пријавила дека била допирана од машко лице на автобуска постојка во подрачјето на Центар
-
Одбележан Денот на Генералштабот на Армијата
-
Пад од 38,8 отсто на заболените од грип во државава
-
Одбиени 19 жалби од осомничени во пожарот во Кочани, за двајцата градоначалници ОЈО поднесе жалба до Апелација