Фудбал
24. February 2025 - 9:28

Анчелоти: Реал во одлична форма му пристапува на најважниот дел од сезоната

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го оцени настапот на тимот на вчерашниот натпревар од 25. коло од Примера против Жирона (2:0).

- Добро го контролиравме натпреварот, игравме добро. Одлично ни оди, најдобрата вест на денот е враќањето на Алаба. Играше многу добро 60 минути. Некои од нашите дефанзивци почнуваат да се враќаат - Валверде, Рудигер. Во одлична форма се приближуваме до најважниот дел од сезоната, изјави Анчелоти за „Marca“.

Реал Мадрид има 54 бодови и се израмни со Барселона на врвот на табелата во Примера. 

Следниот натпревар од шпанското првенство „Кралевите“ го играат на 1 март против Бетис.