-->
-->
Анчелоти не му дозволува на Јовиќ да замине во Фиорентина
-->
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е против заминувањето на напаѓачот Лука Јовиќ во Фиорентина, пренесува „Радио Бруно“.
Италијанците имаат намера да изнајмат напаѓач во блиска иднина.
Италијанското радио јави за намерата на Анчелоти да го задржи српскиот фудбалер во тимот. Тој е подготвен да направи се за да го премисли Јовиќ за преселба во „виолетовите“ од Фиренца.
Во текот на вчерашниот ден повеќе италијански медиуми објавија дека Јовиќ следната недела ќе пристигне во Фиренца за да ги помине медицинските прегледи и да потпише договор со Фиорентина.
Минатата сезона Јовиќ настапи на 19 натпревари за Реал Мадрид и постигна еден гол и три асистенции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Блумберг: Москва размислува за „воздушно примирје“ како опција
-
ОЈО бара притвор за дилер од Битола
-
ОН предупредува на „катастрофални последици“ ако Израел ја прошири воената операција во Газа
-
Во првата половина од годинава од земјава извезени стоки во вредност од 4,034 милијарди евра
-
ЕРТ: Граничниот премин Евзони за влез во Грција дневно го поминуваат околу 25.000 лица
-
Три лица приведени по претреси во Кочани и Штип - пронајдена е марихуана
-
Санкции за 161 возач во јули поради непрописно вградени фолии
-
Трамп верува дека Џеј Ди Венс ќе биде негов наследник