Анализа: Заев бега од преговори поради стравот од избори
СДСМ бега од избори како од чума. Анкетата на ИРИ даде јасно слика дека и по 6 месечна криза и повеќе од 30 бомби рејтингот на опозицијата останува двојно помал од оној на ВМРО-ДПМНЕ. За експертите нема дилема. Заев ќе стори се во април да побегне од соочување со граѓаните
За Каракамишева не е изненадување повлекувањето на Заев од преговрите за надминување на кризата која сам ја креираше. Таа вели дека тоа е само еден чин од целата драма која опозицијата и ја приредува на Македонија и меѓуанродната заедница играјќи двојна улога во која еднаш се кооперативни а потоа ставаат блокади. Во таа насока, Каракамишева вели дека во периодот кој следи, Заев повторно ќе го смени ставот и ќе се врати на преговарачката маса.
Американскиот републикански институт со седиште во Вашингтон вчера објави дека ВМРО-ДПМНЕ ужвиа рејтинг од 23% кај македонските гласачи што значи дека има повеќе од двојно поголема предност пред СДСМ, во кого веруваат 11% од анкетираните.
И кај политичките лидери, Заев е далеку зад Груевски кој има предност во сооднос 18 спрема 7
Високите рејтинг според Каракамишева се должи на интензивната работа на ВМРО-ДПМНЕ на терен и серијата проекти за граѓани од една но и катастрофалните политики на СДСМ од друга страна. Универзитетската професорка вели дека со деструктините сценарија, СДСМ не може да се надева на изборна победа бидејќи таквата политика не дава резултати
Експертите коментираат дека вчерашната анкета на ИРИ предизвикала вистинска паника во опозициските редови. Партиски извори велат дека таа била причина повеќе Заев вчера да излезе на прес конфернеција и панично да побегне и од преговорите но и од соочувањето со граѓаните.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
