Анализа: Oд каде доаѓаат, што посетуваат и каде престојуваат турситите во Македонија?
Од каде доаѓаат, кои места ги посетуваат и во какво сместување престојуваат туристите кои ја посетиле Македонија изминатиов период.
Последната статистиката открива дека туристите најчесто престојувале во хотели со 4 ѕвезди. Од близу 70 илјади туристи во октомври, над 25 илјади се сместиле во ваков хотел. Над 14 илјади во хотел со три ѕвезди, а над 13 илјади во хотел со пет ѕвезди. Имало и 3600 туристи во бањски лекувалишта, а близу 1900 избрале сместување во куќа, стан или соба за издавање.
Хотелиерите очекуваат годината да заврши со пополнети капацитети.
Најпосетувани во земјава се езерски места, со близу 27 илјади туристи и 56 илјади ноќевања. Скопје во октомври имало 22 илјади туристи од кои 20 илјади се странци. Остварни се над 39 илјади ноќевања. ТАВ, компанијата која ги оперира македонските аеродроми очекува нагорниот тренд на дојдовни туристи да продолжи.
Јигит Лачин, директор на аеродромите во Скопје и Охрид (14.12.2016)
Заводот за статистика во октомври евидентирал туристи од над 50 земји. Најмногу и тој месец дошле од Турција, 8756. Следат туристите од Грција, 5054. Земјата ја посетиле и над 3500 туристи од Србија, над 3100 од Бугарија, близу 2000 од Косово и приближно толку од Германија, над илјада од Холандија, речиси илјада од САД.
Вкупниот број на туристи од јануаро зкалучно со октомври пораснал за 5 проценти.
Крсте Блажески, ХОТАМ (24.12.2016)
Јигит Лачин, директор на аеродромите во Скопје и Охрид (14.12.2016)
Сместувачки објекти со најмногу ноќевања во октомври 2016
Хотели **** 25 718 гости со 44 769 ноќевања
Хотели ***** 13 436 гости со 24 392 ноќевања
Хотели*** 14 245 гости со 26 579 ноќевања
Хотели** 4 571 гости со 8 472 ноќевања
Бањски лекувалишта 3650 гости со 29 103 ноќевања
Извор ДЗС
Најпосетувани туристички места во октомври 2016
Езерски места 26 384 туристи
Скопје 22 046 туристи
Планински места 4060 туристи
Бањски места 3650 туристи
Други места 13 272 туристи
Извор ДЗС
Број на туристи по земја на припадност во октомври 2016
Турција 8756 туристи
Грција 5504 туристи
Србија 3568 туристи
Бугарија 3154 туристи
Албанија 1998
Косово 1969
Германија 1895
Хрватска 1356
Италија 1169
Холандија 1108
САД 969
Велика Британија 828
Извор ДЗС
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
