Бизнис
17. October 2016 - 16:18

Анализа: На стопанството му се потребни странските инвестиции

Странските инвеститори носат работа и за домашните компании и ја подобруваат структурата на извозот, велат стопансвениците.

Промената ја евидентира и статистиката која бележи извоз на се повеќе готови производи за сметка на лон производството.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера најави 4 нови странски инвестиции.  Меѓу нив е западно европска компанија, познат производител на електрични уреди, која донела интерна одлука за инвестирање во земјава.

“Таа е компанија за производство на електрични уреди кои се употребуваат во секојдневието, во домакинствата и претставува познат бренд. Се очекува да отвори нови 1000 директни вработувања во град во пелагонискиот регион. Не можам да ги соопштам деталите додека инвеститорот не го направи тоа. Второ, германска компанија која е добавувач на постоечки голем странски инвеститор во зона во Скопје, донесе одлука да инвестира во нов производствен погон во Македонија. Нова фабрика која треба да почне да се гради и да биде готова во средината на наредната година и во која ќе се обезбедат стотина нови работни места”, рече Груевски.

Третата инвестиција е на американска компанија која во моментов е во процес на купување земјиште за фабрика со 200 нови работни места во помал град во централниот дел од Македонија.

Груевски најави дека по изградбата на вториот погон, италијанската компанија Технохозе ќе гради и трета фабрика во зоната кај Скопје. За оваа намена ќе инвестира нови 5 милиони евра, а ќе вработиу нови 100 работници.