Анализа: Мнозинството казни во Кривичниот суд се до две години затвор
Мнозинството казни досудени на обвинетите во просек се помали или еднакви на 2 години затвор, односно околу 50 отсто од анализираните предмети добиле казна до 2 години затвор.
Ова е наведено во публикацијата „Анализа на политиката на казнување за организиран криминал и корупција“, која дава преглед на работата на Специјализираното одделение за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, во период од 2007 до 2014 година, изработена од Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Кривичниот суд.
- Ова воопшто не изненадува кога ќе се земе предвид дека задолжителниот минимум со кој се соочуваат над половина од анализираните обвинети (53.5 отсто од обвинетите) е казна затвор од една или помалку од една година, стои во соопштението објавено денеска на веб страната на Основниот суд Скопје 1.
Казните во опсег од 2 до 8 години затвор се втори најчести казни и во нив спаѓаат 41.24 отсто од анализираните предмети.
- Кога би се споредиле добиените казни каде е определен задолжителен максимум, овие максимални казни ретко се дел од пресудите. На пример, 15 години е најчестиот максимум пропишан со закон, а само 3 отсто од обвинетите добиле казна поголема од 10 годиини, се наведува во соопштението.
Истражувачите дошле до заклучок дека просечните казни досудени од Специјализираното одделение за гонење организиран криминал и корупција генерално влегуваат во опсегот предвиден со закон, а за некои кривични дела просечната казна била и пониска од просчено пропишаниот минимум.
Анализата дополнително ги опфаќа и затворските казни во втор степен, каде е прикажано дека најголем процент од казните во прв степен се потврдуваат и во втор степен, па така од 512 анализирани примероци - 446 биле потврдени во втор степен, 14 биле укинати, а сите останти биле изменети или делумно изменети само во поглед на висината на казните.
Како што се наведува во соопштението, анализата опфаќа период кога во сила бил стариот Закон за кривична постапка, како и период кога во сила влегол новиот ЗКП, а согласно досегашната казнена политика во анализираниот период е опфатен и период пред и по стапување на сила на Закон за одмерување казни, кој беше донесен токму со цел за воедначување на казнената политика, со што повторно анализата покажува дека казенанта политика на Основниот суд Скопје 1 – Скопје – Одделение за организиран кириминал и корупција се движи во долната граница односно досудува просечни казни кои се блиски со просечно минимално пропишаните казни во законот.
Оваа анализа, како што се наведува во соопштението, може да се надоврзе и на анализата изработена од канцеларијата на ОБСЕ во 2012 година во кој се анализирани предмети од судови од сите четири апелациски подрачја во Македонија, за кривични дела кои не се под надлежност на Одделението за гонење организиран криминал и корупција.
Во оваа анализа, како што стои во соопштението, Основниот суд Скопје 1 – Скопје учествува со најголем процент на анализирани предмети. Согласно анализата најголемиот број предмети и пресуди 53.2 отсто се однесуваа на само четири од предвидените можности за кривично санкционирање и тоа парична казна или казна затвор до три години (16.8 отсто од сите разгледани предмети), казна затвор од една до десет години (16 отсто), парична казна или казна затвор од една година (11.6 отсто) и казна затвор од шест месеци до три години (8.6 отсто). Кај овие четири најзастапени кривични санкции, времетраењето на задолжителната минимална казна изнесува од 0 до 1 година. Се чини дека истото укажува на тоа, дека во огромен број од предметите по кои се постапувало во кривичните судови, всушност се работи за кратки можни законски казни за сторените дела.
Ново на Сител
-
СДСМ бара, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа храна без ДДВ
-
Минчев: Некомпетентите јавни службеници ќе се доедуцираат преку посебна академија
-
Директорот на Детска брои чиј мандат имало повеќе починати деца - ДСЗИ во надзор за последниот смртен случај на Клиниката
-
Епохално археолошко откритие
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно