Loading Video...
Македонија
28. November 2021 - 21:16

Анализа: Каква е поврзаноста помеѓу Омикрон сојот на Ковид-19 и ефикасноста на вакцинацијата?

Новата варијанта на КОВИД наречена Омикрон која се појави во Јужно Африканската Република почна да се шири во Европа и во САД. Првите проценки се дека се работи за сој кој има висок степен на преносливост, но е со поблаги симптоми. Актуелните вакцини кои се развиени на ооснова на првобитниот вирус од Вухан, ќе мора да се модифицираат, а тоа некои компании веќе го прават, вели имунологот Петличковски.

Информациите дека овој сој ги напаѓа најмногу младите луѓе е шпекулативна, сметаат експерите. Новите варијатни се шират во подрачја каде има висок степен на невакцинирани, објаснува доктор Петличковски. И странските експерти укажуваат дека единствен начин за справување со новите варијанти е вакцинацијата. 

Петличковски оценува дека новата варијанта нема да се шири со таква сила и брзина во земјите на Европа каде вакцинацијата е на високо ниво.

Експерите освен имунизацијата, ги псочуваат дистанцата и заштитните маски како ефикасни во борбата против која и да било варијанта на Короната.