Анализа: Дали ќе има капитални проекти во програмите на градоначалниците или ќе се свртат кон реалните потреби на граѓаните?
Урбанистичкото планирање е клучно за освојување гласови на претстојните локални избори. Аналитичарите сметаат дека ДУП-овите претставуваат сериозен проблем за многу граѓани и токму просторното планирање може да го реши победникот, особено во главниот град.
Аналитичарите гледаат повеќе причини зошто кандидатите за градоначалници сѐ уште не понудиле крупни капитални проекти. Арсовски смета дека ковид кризата е една од причините.
Според Клековски, планирањето на крупни капитални проекти за локалната власт е тешко бидејќи големите инвестиции бараат повеќегодишно планирање. Од друга страна, многу општини се презадолжени, па кандидатите се осмелуваат да понудат единствено програма за намалување на долговите.
Со оглед на тоа што низ годините многу ветени проекти не се реализирани, аналитичарите сметаат дека граѓаните се изморени од ветувања и сакаат да видат домаќинско управување со општинските пари, подобрување на јавните услуги и добра и функционална патна и комунална инфраструктура.
-
Мирјана Јовеска
Сите содржини од овој новинар
