АНА-МПА: Во прекин железничкиот сообраќај меѓу Македонија и Грција
Четири возови на грчката железница чекаат на Идомени на грчко-македонската граница за да добијат зелено светло и да го продолжат својот пат низ Македонија.
Според извори на кои се повикува грчката државна новинска агенција АНА-МПА, „македонските власти ја држат затворена железната порта, затоа што плашат дека ако ја отворат, бегалците масовно ќе се обидат да ги преминат границите“.
Според истите извори, уште шест возови од другата страна чекаат да влезат на грчка територија.
Граничниот премин на тампон-зоната меѓу границите на Грција и Македонија се уште е заторен, по вчерашните инциденти.
Во кампот во Идомени во моментов има околу 7.000 бегалци, а некои од нив чекаат и по десетина дена за да ја преминат границата и да го продолжат нивното патување во земјите од Западна Европа.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев