Ана Ивановиќ: Понекогаш ми недостасува тенисот
![]()
Некогашната најдобра светска тенисерка, Ана Ивановиќ, вели дека понекогаш ѝ недостасува играњето тенис, но ужива во семејниот живот.
Србинката ја изненади јавноста кога во 2016 година објави крај на играчката кариера. Тогаш имаше само 29 години, и иако со тешко срце го напушти спортот кој го сака, сепак одлуката ја објави без тага, и на прво место го стави сопругот Бастијан Швајнштајгер, и синот Лука. Неодамна Ана се породи по вторпат, роди уште еден син.
Таа по социјалните мрежи често објавува фотографии на кои се гледа дека ужива во улогата на сопруга и мајка.
„Би сакала да бидам на терен и да се натпреварувам. Има моменти од тенисот кои ми недостасуваат. Но, благодарна сум што многу време минувам со семејството, и не мора толку често да патувам. Би сакале децата да се занимаваат со спорт, но нема да ги притискаме“ – вели Ивановиќ.
Ново на Сител
-

Предизвикувачка година за прилепското стопанство
-

Македонското јаболко се бара во Србија, Бугарија, Чешка, Косово и Албанија
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Во политичката криза темата за Македонија не е приоритет за Бугарија
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
-

Се подготвува извештајот до УНЕСКО
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
