Живот
25. July 2016 - 11:59

Ана е единствениот сериски убиец-жена во регионот: 20 убиства, меѓу кои и своите родители

Цели 50 години, Ана се занимавала со магии, а луѓето биле фасцинирани, што таа можела да го предвиди точниот датум на нечија смрт.
 
На нашите простори, меѓу сериските убијци се вбројува и една жена која на почетокот на 20 век отрула повеќе од 20 луѓе, меѓу кои и своите родители.
 
Анујка ди Пиштоња била родена во 1837 година, во Владимировац, (помеѓу Белград и Вршац)  а во својот крај била позната како „вештерка“, а подоцна кога се откриени убиствата кои ги извршила била го добила името „трујачка“.
 
Се претпоставува дека својата прва жртва ја убила околу 1878 година, за подоцна да објасни дека „сите проблеми се решаваат со помош на ѓаволот“.
 
Хемиските супстанции се женско оружје
 
Анујка со својот начин на живот, го потврдила она што со години важи како „непишано правило“, а тоа е дека жените како сериски убијци користат хемиски супстанции како оружје.
 
Таа е родена како Романка, по име Ана Драксин. За свое време била образована жена, бидејќи нејзиниот татко сакал таа да се образува што е можно повеќе.
 
Кога биле тинејџер,  таа започнала да месечари, па родителите ја носеле по различни манастири за да ја излечат. Но наместо да ја излечат луѓето ја гледале со чудење и тврделе дека е вештерка. Се претпоставува дека тука започнало се.
 
Нејзините жртви биле нејзини клиенти и луѓе кои ги познаваат нејзините клиенти, кои доаѓале да се лечат кај неа, бидејќи Ана успевала да излечи она што ни најдобрите тогашни лекари не успевале.
 
Некои луѓе, како што е напишано во книгата посветена на нејзиниот живот, тврделе дека за голема сума на пари, Ана продавала вода, а луѓето умирале во најголеми маки кога ќе ја испиеле.
 
Ана убивала и по нарачка
 
Ана можела без грешка да го погоди денот кога некој ќе почине. Нејзиното предвидување, секако, имало голема поврзано со хемиските супстанции кои ги произведувала.
 
Кога некој ќе дошол кај неа за „лек“ таа го прашувала „тежината на проблемот“ односно тежината на личноста које е проблем, и така ја одредувала количината на „магичната напивка“, која била растворен арсен.
 
Колку потежок, толку повеќе арсен ставала во напитокот.
 
Злосторствана на Ана се откриени на 29 декември 1927 година, кога ненадејно починал многу здрав и богат човек. Подоцна се воспоставило дека неговата жена го нарачка убиството, бидејќи што поскоро го сакала наследството на својот сопруг.
 
Ексхумацијата открила отровни честички на арсен и жива, во телана на 20-лица, меѓу кои и нејзините родители.
 
Осудена е на 15 години самица, а ослободена во 1941 година од страна на Германците. Тогаш таа се враќа во своето родно село, каде живее до својата 105-година.