Ана де Армас во врска со посинокот на контроверзниот претседател на Куба

Можеби една од најубавите жени на денешнината, кубанската глумица Ана де Армас, неодамна е видена на романтична прошетка со Мануел Анидо Куеста, инаку посинок на кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез. Таа врска не наиде на одобрување кај јавноста во САД – каде што таа живее, но и во Западот, воопшто.
Имено, Кубанката е цел на критики дека „се забавува со посинокот на диктаторот“, а побегнала од Куба токму поради „таа диктатура и лошите услови за живот“, пишува „Дејли мејл“. Таа се преселила од Куба во Шпанија на 18 години и таму ја почнала својата актерска кариера, пред да замине за САД.
„Ана де Армас ја напушти Куба, за да продолжи со кариерата и животот во Америка, а на крајот заврши во врска со посинокот на кубанскиот диктатор. Ова е лошо, многу лошо“; „Овие фотографии мора да го обиколат светот, луѓето не смеат да имаат милост. Познатата актерка Ана де Армас е фотографирана во Мадрид со синот на диктаторот и негов можен наследник. Тие се пар. Уживаат во Мадрид како ништо да не се случува“ – се само дел од негативните коментари.
Поради овие забелешки, глумицата ги ограничи коментарите на својот Инстаграм.
Според критичарите, кубанскиот претседател ја продолжил доктрината на противникот на САД, Фидел Кастро, којашто не дозволува опозициски партии или протести против владејачката партија. Тој е обвинуван и за големи прекршувања на човековите права.
Мануел Анидо Куеста е адвокат и син на сопругата на кубанскиот претседател од претходниот нејзин брак. Тој му е близок советник на својот очув и често го придружува на официјални настани и патувања. Момчето на глумицата е обвинуван дека живее луксузен живот со чести патувања во странство, додека повеќето Кубанци живеат во сиромаштија.
Ново на Сител
-

УХМР најавува пообилни врнежи од дожд и засилен ветер
-

Ема Стоун најубава позната жена во светот, според „Златниот пресек“
-

По неколку години, Полска повторно отвори два гранични премини со Белорусија
-

Тројца повредени во сообраќајка на патот Валандово-Удово
-

Мицкоски: Го исполнивме ветувањето, 55.000 студенти ќе добијат по 15.300 денари за електронски уреди
-

На бриселскиот аеродром запленет кокаин во вредност од 4,3 милиони евра
-

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Градско – Велес поради сообраќајна несреќа
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
