Амстердам планира забрана за марихуана за туристите
Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, предложи да им се забрани на туристите да ги посетуваат градските „кофишопови“ каде, како што првенствено се продава и конзумира марихуаната. Таа сака да ја намали „привлечноста на Амстердам како дестинација за туризам на мека дрога“, напиша во писмото до Градски совет.
– Во последниве години, видовме дека побарувачката за канабис во Амстердам е неверојатно зголемена, изјави Халсема во интервју за јавната телевизиска станица НОС.
– Ова главно се должи на зголемувањето на бројот на туристи, додаде таа, истакнувајќи дека некои од нив се „канабис туристи“ кои доаѓаат во Амстердам единствено да ја консумираат дрогата. Овие „туристи“ се извор на проблеми за центарот на градот, рече градоначалничката.
-Амстердам е меѓународен град и ние ги поздравуваме туристите, но би сакале туристи кои доаѓаат поради богатството на градот, неговата убавина, културните институции, рече таа за холандската јавна телевизија. Според податоците на Министерството за јавно здравје, Холандија има 570 „кофишопви“, а според податоците на Амстердам, во тој град има 166, или 30 отсто од сите во Холандија. Од 1970-те, холандската влада ги толерира оние продавници што продаваат канабис, но производството и снабдувањето со канабис се, сепак, нелегални.
Ново на Сител
-
Објавени првите фотографии од телото на папата Франциск
-
Зеленски: Украина останува на понудата да не напаѓа цивилна инфраструктура
-
Осми ден од блокадата на објекти на РТС
-
Харвард ја тужи администрацијата на Трамп заради замрзнатите средства за универзитетот
-
„Влен“ неделава треба да се трансформира во партија
-
Синдикатот на културата ќе одржи протестен совет пред Министерството за култура
-
НБА именува тројца кандидати за МВП
-
Сабаленка за поразот од Остапенко: По ова финале ќе нарачам Порше