-->
-->
АМС во посета на Берово
-->

Проектот “Спортот и семејните вредности” промовиран во Берово
По Скопје, Прилеп, Штип, Василево, Кочани, Кратово и Македонски Брод, Берово е осмата општина во која помина Караванот на АМС и Сојузот на спортски федерации на Македонија за промоција на проектот “Спортот и семејните вредности”. Основната намена на проектот е да се промовира спортот преку семејните вредности и да се стимулираат граѓаните преку спортот и спортските активности, да се дружат повеќе меѓусебно и да се зајакнат врските во семејството.
Спортската сала во Берово "Македонски бранители", која ја изгради АМС беше премала да ги собере дечињата, кои заедно со нивните родители другаруваа и се натпреваруваа во штафета, балансирање со топка, “Здрвен дедо”, игра на прецизност, ракомет, фудбал и други забавни игри. Настанот го отвори директорот на АМС, Марјан Спасески кој изрази задоволство од масовноста и од подготвеноста на посетителите да спортуваат и низ заедничка дружба да ги промовираат спортските принципи.
-“Она што е многу битно во овој динамичен начин на живот каде најчеста појава е отуѓеноста во самите семејства еден од најдобрите настани кои можеме да ги приуштиме е спортот и дружбата. Верувам дека со реализацијата на овој проект ќе ја постигнеме целта, а истовремено младите луѓе ќе ги стимулираме да се занимаваат со спорт и спортски активности. Денеска нема да има победници и победени, денес ќе победи дружбата“ – изјави директорот на АМС, Марјан Спасески.
На промоцијата присуствуваше и градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски, кој се заблагодари на Агенцијата за млади и спорт за реализација на овој благороден проект, со кој како што рече ќе се придонесе за создавање на стабилни и силни врски помеѓу родителите и децата. Спортот ја имаа таа моќ, да ги зближува луѓето и ваквите проекти се добредојдени секогаш.
Овој настан ќе продолжи да се имплементира и во останатите општини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
-

Ќе се чешлаат сите лиценцирани фирми за канабис, премиерот очекува заплена и до 100 тони
-

Мицкоски: Има политичка волја за правосуден и на други јазици
-

Вештак од Словенија открил низа пропусти во лекувањето онколошки пациенти во Македонија
