-->
-->
АМС организираше прием за кик-боксерите
-->

Првиот човек на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Марјан Спасески, во понеделникот организираше прием за македонската кикбокс репрезентација, која на неодамна завршеното Балканско првенство во Ниш, освои шест медали од кои две златни. Балкански шампиони во Ниш станаа Ненад Манојловски во категоријата кик-лајт до 69 килограми и Димитар Ѓорѓиев во кик-лајт во категоријата до 79 килограми.
„Освоените шест медали во конкуренција на преку 220 репрезентативци на 10 балкански држави говори за тоа дека македонскиот кик бокс има светла иднина. Тоа се докажа и во минатото на европските и светските првенства, каде нашите репрезентативци во континуитет имаат одлични настапи и се освојувачи на највисоките одличја”, рече директорот Спасески.
Истовремено, тој и го честиташе и изборот на претседателката на Македонската федерација, Александра Неделковска за претседател на Балканската Кик боксинг федерација, што, како што рече Спасески, претставува уште една потврда за високото реноме и угледот кој го ужива македонскиот кик бокс во меѓународни рамки.
Претседателката на Кик боксинг федерацијата на Македонија, Александра Неделковска се заблагодари на поддршката која федерацијата ја добива од страна на државата и АМС и најави дека во 2016 година, Република Македонија повторно ќе биде домаќин на едно големо меѓународно натпреварување во Кик бокс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
