-->
-->
АМС на редовни средби со спортските федерации
-->
Во насока на размена на мислења, ставови, идеи и предлози за подобрување на работата на сите чинители во спортот, периодов во просториите на Агенцијата за млади и спорт (АМС) се одржуваат редовни средби помеѓу раководството на агенцијата и челниците и претставниците на федерациите.
- Средбите се дел од континуираната соработка помеѓу институцијата задолжена за работите во областа на спортот и федерациите, чија законска обврска е меѓу другото поттикнување и унапредување на соодветниот спорт, организирање на системот на натпревари, усовршување на стручните кадри во спортот, но и за составување и грижа на државните репрезентации, информираат од АМС.
На состаноците се разговараше за тековните проекти и програми на федерациите, плановите за работа и меѓународните активности, како и за тековните проблеми и предизвици со кои се соочуваат, а воглавно се однесуваат на финансиските проблеми, како и просторните услови, за кои мора да плаќаат кирија.
Претставниците на спортските федерации ја поздравија и поддржаа активноста на АМС за развојот на спортската инфраструктура, но истовремено беше потенцирано дека неопходно е да се зголемат и директните инвестиции во спортскиот систем, а беа предложени и конкретни идеи со дополнителни даночни ослободувања за фирмите кои ќе донираат и спонзорираат во спортот, моделите на дополнителни буџетски приходи преку зафаќање во акцизите и игрите на среќа, како и идејата за основање на Фондација за развој на врвниот спорт.
Средбите се дел од активностите на АМС за тековно консултирање и размена на идеи и продлабочување на соработката со спортските федерации, како столбови на спортскиот систем во државата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Потопло време во наредните денови
-
Од 1001 сообраќајни прекршоци вчера на територија на цела држава, 178 ги направиле пешаците
-
Спречен шверц на облека и обувки во заедничка акција на македонска и косовската гранична полиција
-
Приведен кумановец, следел и вознемирувал 27-годишна девојка
-
Спасувањето на мечката во Брајчино - драма во планина, храброст на дел
-
Кумановец возел со 1,85 промили алкохол во крвта и удрил во две моторни возила
-
Папата Франциск приватно се сретна со кралот Чарлс Tрети и кралицата Камила
-
Изгоре автомобил наспроти Клинички