Американското катче во Скопје на нова локација

Амбасадата на САД и општина Центар денеска потпишаа Меморандум за разбирање со кој општината обезбедува нови простории за Американското катче во Скопје.
Документот го потпишаа градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и Лаура Браун, советник за односи со јавност во Амбасадата на САД.
Браун посочи дека ваквите катчиња кои ги има во повеќе земји се можност за учење за американската историја и култура, помош за лицата кои сакаат да студираат во САД.
- Возбудени сме за новата соработка со општина Центар. Ова е можност нова генерација млади луѓе да се запознаат и да го шират пријателството меѓу двете земји, рече Браун.
Според Жерновски, ова влегување во партнерски однос помеѓу САД и општина Центар е исклучително значајно и носи придобивки за граѓаните на општината.
- Влегуваме во партнерски однос што е бенефит за граѓаните на општина Центар, бидејќи ќе имаат пристап до голем библиотечен фонд, ќе можат да добиваат информации за стипендии и ќе се запознаат со образовните програми во САД, рече градоначалникот Жерновски.
Новата локација на Американското катче е во катната гаража на Судска палата, а опремувањето и обезбедувањето библиотечна колекција е обврска на Амбасадата на САД.
Катчето ќе го користат сите граѓани бесплатно и ќе биде отворено за јавноста во работните денови. Досега Американското катче беше сместено во доградбата на Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“.
Ново на Сител
-

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски
-

ЕК: Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ
-

Един Џеко највозрасен стрелец во УЕФА Конференциската лига
-

Приведен 20-годишник од Скопје, при претрес кај него е пронајден пиштол
-

Затворен за сообраќај патот Македонска Каменица-Делчево поради сообраќајна несреќа | ФОТО
-

Вчера констатирани 1065 сообраќајни прекршоци, 716 за брзо возење
-

Од недела дожд и пониски температури
-

Адеми: Не е точно дека Али Ахмети се повлекува
