-->
-->
Американско регулаторно тело бара ФБ да се откаже од криптовалутата
-->
Вредноста на биткоинот падна на крајот на неделата при тргување во Азија откако регулатори во САД побараа Фејксбук да запре со разработката на сопствена криптовалута, објавија американски медиуми.
Како причина за тоа се нагласува дека проектот ќе донесе „целосно нов глобален финансиски систем базиран во Швајцарија што ќе биде конкурент на доларот”.
„Тоа создава сериозни стравувања за националната безбедност и финансиската политика не само за над две милијарди корисници на ФБ туку и за инвеститори и глобалната економија”, се вели во соопштение на американскиот регулатор.
Претходно, и 33 групи-застапници се против плановите на социјалната мрежа. Тие бараат мораториум за разработувањето на Либра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поништен солидарниот данок
-
Од денеска повторно во функција железничката линија Куманово-Скопје, ќе се патува за 41 минута
-
Што (не) треба да содржи новата потрошувачка кошница?
-
Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав
-
Промоција на нови судии и јавни обвинители, IX генерација чека одлука
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина
-
Владата ја промовираше развојната национална програма