-->
-->
Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран
-->
Министерството за одбрана на САД објави инсерти и фотографии од седум стратешки бомбардери Б-2А „Спирит“, што полетаа од воздухопловната база Вајтман во Мисури ноќта на 20 јуни, како дел од нападот врз нуклеарните објекти на Иран во операцијата „Полноќен чекан“.
Секој авион беше вооружен со две бомби GBU-57A/B MOP (Massive Ordnance Penetrator), таканаречени „Bunker Buster“ со тежина од 13.600 килограми, наменети за уништување на утврдени подземни цели.
Дополнителната документација потврдува дека бомбардерите се вратиле во воздухопловната база Вајтман на 22 јуни, по повеќе од 36 часа долг лет за време на кој извршиле напади над иранска територија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија
-
Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
-
Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола