Американските разузнавачи очекуваат продолжување на нестабилноста во Либија и во Украина
Разузнавачките агенции на САД очекуваат во Либија и во Украина да пропдолжи нестабилната ситуација.
Директорот на Националното разузнавање на САД, Џејмс Клапeр пред Конгресот изјави дека има „голема надеж“ оти во Либија набрзо ќе биде составена влада на национално единство.
Но, директорот на ЦИА, Џон Бренан истакна дека САД водат двојна политика конј Либија, од една страна вложуваат диплоамтски напори за формирање на влада на национално единство, а од друга страна преземаат антитерористички операции против Исламска држава.
Американските експерти оценуваат дека во камповите на ИД во Либија пристигнале 4.000 странски борци на обука, а и илјадници Линбијци се приклучиле кон ИД.
Клапер и Бренан го осудија и руското мешање во Украина.
- Русија се уште ја смета Украина за Мала Русија и ќе продолжи да ги користи сепаратистите за свои интереси, посочи Клапер.
Претходно, Клапер посочи дека годинава 59 држави се под сериозна закана од нестабилност.
Тој наведе дека 40 земји се соочуваат со нестабилност, која создава закана за режим или е поврзана со насилство. Додека седум држави се соочуваат со пад на централната власт, а во околу 40 земји дејствуваат екстремисти.
Како пример на држава на која во 2016 година и се заканува колапс, Клапер ја посочи Авганистан.
Ново на Сител
-
Франција погодена од топлински бран со „историски интензитет“
-
Фицо: Западот ја искористи Украина во обидот да ја ослаби Русија
-
По вербална расправија со нож му нанел четири убодни рани, приведен 32-годишник од Виница
-
Затворен за сообраќај патот од Брезница преку НП „Јасен“ до Македонски Брод
-
ЦУК: Активен пожар во Македонски Брод, еден под контрола, 14 изгаснати
-
Албанезе: Нетанјаху негира хуманитарна криза во Газа, ние ќе ја признаеме Палестина
-
ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина
-
Црна Гора побара помош од НАТО за гаснење на пожарот