Американските маринци кои се водеа како исчезнати по судар на два авиони кај Јапонија, прогласени за мртви
Маринскиот корпус на САД денеска ја потврди смртта на петмина војници кои исчезнаа откако два американски воени авиони се судрија кај брегот на Јапонија, со што вкупниот број на жртви се зголеми на шест лица, со само еден преживеан.
– Одлучив да ги прекинам операциите за пребарување и спасување на екипажот на нашиот авион КЦ-130Ј кој беше имаше несреќа кај јужниот брег на Јапонија и да прогласам дека овие војници се починати, напиша на Фејсбук командантот на Третата Морска единица за експедиција, генералот Ерик Смит.
Смит додаде дека „е направен секој можен напор“ за да се пронајде екипажот и оти податоците за летот и аудио снимачите од пилотската кабина на авионот за полнење гориво, во кој биле петмината загинати маринци, „досега не се лоцирани, поради што е прерано да се шпекулира за пронаоѓање на остатоците“.
По сударот, кој се случи пред пет дена, на воените авиони на американскиот марински корпус, КЦ-130 со петмина и Ф/А-18 со двајца членови на екипаж, двајца маринци беа спасени од страна на Јапонската морнарица. Сепак еден од спасените почина подоцна во болница, а другиот е во стабилна состојба.
Авионите полетале од воздухопловната база на Маринскиот корпус Ивакуни, во близина на Хирошима, и спроведувале редовна обука кога дошло до несреќата, соопшти Маринскиот корпус.
Американскиот марински корпус денеска соопшти дека не е потврдено дали во моментот на несреќата во тек било полнење со гориво и оти се уште се води истрага за околностите на сударот.
Ново на Сител
-
Татјана Димитровска ја поднесе оставката до Собрание
-
Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини - спречен влез на мигранти
-
Продолжува потрагата по 16-годишното девојче во реката Вардар
-
Пожарот на планината Плачковица се гаси од воздух
-
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци, 51 санкционирани возачи на мотоцикли
-
Приведени возачи од Битола и ресенско, возеле со 1,87 и 1,86 промили алкохол во организмот
-
Без активно жариште пожарот на Кипар
-
Активни седум пожари - гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, стрништа