-->
-->
Американските ја претставија новата маска: Ќе ги заштитува пилотите дури и од оружје за масовно уништување!
-->
Американската армија го заврши тестирањето на маските кои ќе бидат специјално наменети за припадниците на воздухопловните единици – станува збор за најнапредната маска на светот досега.“The Joint Service Aircrew – Rotary Wing (JSAM-RW) маската ќе ја смени целата низа на маски кои што досега се користеа во американската армија. Оваа маска нема да биде задолжена само за снабдување на пилотите со кислород на големи височини, туку тие кои што ќе ја носат ќе бидат заштитени и од нуклеарно, биолошко и хемиско оружје.
Ова е од голема важност за американското воено воздухопловство со оглед на тоа што воените летала се соочуваат со се поголем број на различно оружје кое што се разликува од ситуациите во минатото кога што најголем акцент се ставаше на ракетите и обичната муниција.
Денес постои голема опасност од нуклеарна контаминација во случај на напад со нуклеарно оружје. Тоа значи дека на екипажот му се потребни елементи кои што нудат заштита на подолго време, а кога е маската во прашање, потребно е да покрие што е можно поголема површина на лицето, да ги заштити очите, носот и устата, а истовремено да пружи максимална удобност и видливост.
Креаторите тврдат дека Rotary Wing маската го достигнува поставениот степен на функционалности и се очекува наскоро да ги замени постоечките маски.
Новата маска е подобра кога станува збор за видливоста, нуди подобра заштита на кожата и дишните патишта и се мести пет пати полесно, додека пак резервоарот со кислород трае шест пати повеќе од актуелниот модел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-

„Алкалоид” АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија – во неа ќе се прават над 20.000 анализи годишно
-

„Забавна за момент, кобна за цел живот“ – показна вежба на МВР за превенција од употреба на петарди
-

Дардишта и 32ца осомничени за местење тендер од над 7,5 милиони евра во ЕСМ Дистрибуција
-

ГАК – Починатото новороденче немало физички повреди, причина за смртта е незрелост на белите дробови
-

Скопје меѓу најзагадените градoви
