Американскиот сенатор Џон Мекејн повика да се даде помош на балканските земји

Американскиот сенатор Џон Мекејн повика за дополнителна помош за земјите кои се наоѓаат на балканскиот миграциски пат, и изрази надеж дека ќе биде ставен крај на војните во Сирија и Авганистан, кои ја разгоруваат бегалската криза, пренесува БТА.
Сенаторот републиканец од Аризона пристигна денеска со делегацијата од американски конгресмени на српската граница, каде што илјадници бегалци поминуваат секојдневно на пат кон Западна Европа.
Мекејн ја пофали српската влада дека прави „одлична работа во тешки околности“.
Тој рече дека е потребна дополнителна помош од САД, и ја опиша бегалската криза како „многу скапа“.
- Ние исто така ќе направиме се што можеме за да го вратиме мирот на Блискиот Исток и да се стави крај на постојаните убиства кои го предизвикаа овој огромен хуманитарен проблем кој се шири низ цела Европа, па дури и во САД, додаде сенаторот.
Ново на Сител
-

Анализа: Дали кампањата меѓу двата круга може да го промени мислењето кај гласачите?
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Карпош
-

Мицкоски и Филипче повикуваат на масовност во втор круг
-

Завршни пораки на кандидатите за градоначалници
-

На полноќ почнува изборниот молк, утре гласаат болните и изнемоштени лица и затвореници
-

Условна казна за вториот напаѓач на градоначалничката Арсовска
-

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната смета дека доаѓаат погрешни сведоци
-

За еден месец “Клексан” во аптека со рецепт
