Бизнис
9. December 2015 - 20:16

Американскиот гигант Леар в петок ќе почне да ја гради фабриката во Тетово

Најновите законски измени со кои странските компании ќе можат да добијат решенија за градба побргу од порано е можноста да забрза градењето на нивните објекти во индустриските зони а со тоа побрзо да почнат и вработувањата. Таков е случајот со американската компанија Леар која во тетовската зона ќе почне да го гради својот објект.

Следен предизвик за тетовска зона е изградбата на приклучок од автопатот кон фабриките.

Технолошко индустриската зона Тетово има потпишано 4 договори со странски компании каде се очекуваат вкупно 3.500 вработувања.