Американскиот државен обвинител формира работна група против насилство на демонстрации
Американскиот државен обвинител Вилијам Бар нареди формирање работна група за борба против, како што рече, „антивладините екстремисти кои вршат насилство за време на протестите низ целата земја“.
Во меморандумот до полицијата и обвинителството, Бар истакна дека „екстремистите се вклучени во неодбранливи насилнички дела насочени кон поткопување на јавниот ред и мир“, вклучително и напади врз полицајци, уништување имот и закани кон невини луѓе.
Тој додаде дека демонстрантите припаѓаат на голем број идеологии.
– Некои се преправаат дека шират порака за слобода и напредок, но всушност тие се сили на анархија, уништување и принуда, рече Бар.
Протестите што во последниве месеци се одржаа низ САД, иако претежно мирни, во некои случаи станаа насилни, за што американскиот претседател Доналд Трамп и неговите соработници ги обвинуваат левоориентираните екстремисти меѓу демонстрантите.
Трамп вчера повика на апсење на демонстрантите вклучени во обидот за уривање на статуата на генералот и поранешен претседател Ендру Џексон во паркот пред Белата куќа.
„Ја овластив федералната Влада да го уапси секој што уништува или оштетува каков било споменик, статуа или друг ваков федерален имот во Соединетите Американски Држави и да го казни со казна затвор до 10 години според Законот за зачувување споменици на ветерани или други важечки закони“, напиша Трамп на Твитер.
Ново на Сител
-
Сончево и топло до 38 степени
-
Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран
-
Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба, апелираат од МНР
-
Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски
-
Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади, вели висок ирански функционер
-
Мицкоски: Ќе се бориме да донесеме правда и да го урнеме системот на „бандитизам“ создаден од политички и бизнис структури
-
Бела куќа: Администрацијата на Трамп очекуваше иранска одмазда
-
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база