Свет
4. јуни 2018 - 11:38

Американскиот амбасадор призна: Влегов во ледената вода за да се натпреварувам со Путин, сакав три пати да нурнам како него

Американскиот амбасадор во Русија Џон Хантсман објасни дека на Богојавление се бањал во ледена вода за да се натпреварува со претседателот на Русија Владимир Путин.

Имено, Хантсман се бањал во ледената вода во Новоерусалимскиот машки манастир во близина на Москва, а како што рече, тоа му овозможило поблиску да се запознае со руската култура.

„Додека влегувате во така ладна вода губите контрола над мускулите и респираторниот систем. Сакав три пати за нурнам, зошто токму прака прави Путин, рече тој и додаде дека така сакал да покаже дека е способен да го изведе обичајот како што доликува.

„Новинарите кои пишуваа за тоа оценија дека Американците направија се како што треба“, рече Хантсман.

Путин секоја година учествува на богојавленското капење, а во 2018 година се капеше во машкиот манастир во Нило-Столобенската пустина.