Американски политичар ја украде чашата од која пиеше папата

Во текот на обраќањето пред американскиот Конгрес минатиот четврток, Папата Франциско испи неколку голтки вода од чашата која стоеше покрај него. Подоцна таа чаша конгресменот Боб Брејди ја украде, ја однесе во неговата канцеларија и пиеше од неа.
- Колку луѓе знаете дека пиеле од истата чаша како и Папата?, ги праша подоцна медиумите. Како што вели, неговата сопурга Дебра, но и двајца членови од неговиот кабинет испиле по неколку голтки од истата чаша, а неговиот пи-ар подоцна објави неколку фотографии на Брејди како пие од „чашата на Папата“.
- Видов како папата пие од чашата два, три пати и помислив дека би било прекрасно да имам некој спомен од него, рече тој. Едноставно ја видов чашата, отидов до неа, ја земав и ја задржав. Сигурен сум дека е благословена ако Папата пие од неа. Дури и ако не е, јас велам дека е.
Тој тврди дека во таа чаша се наоѓа света вода.
- Јас смета дека внатре има света вода. Нема да проверувам со никој. Не сакам да знам. Некои работи подобро е да не се знаат. Мислам... Папата пиеше од неа, Папата ја држеше. Тоа е доволно добро за мене.
Тој, исто така, нешто слично направи во 2009 година, кога ја зеде чашата од која пиеше Обама при инаугурацијата. Од неа, сепак, не пиеше.
Брејди изјави дека остатокот од водата ја префрлил во шише и да ги благослови неговите четири внучиња и правнука. Чашата ја чува во хартиена вреќичка и планира да побара од полицијата да провери отпечатоци од прстите за да се докаже автентичноста.
Ново на Сител
-

ОЈО Скопје отвори истрага за насилството врз гинекологот во поликлиниката „Букурешт“
-

Тема на денот со Ведрит Ибушоски, претседател на Здружение на радиолошки технолози на Македонија
-

Презентирани над 200 докази во случајот со Груби за злоупотреби во Државната лотарија
-

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за платено политичко рекламирање, Левица обвинува за партизација на Судот
-

Судски совет: Се работи на расчистување на состојбите во Основниот суд Куманово
-

Амбасадорите за Норвешка, Бугарија, Шведска и Романија ги претставија дипломатските платформи во Парламентот
-

Од денеска Хрватска ќе издава визи за камионџиите
-

Клековски: Имаме ситуации со луѓе кои се на боледување, а на Инстаграм се сликаат на одмор во Италија
