Американски и европски медијатори во нова посредничка мисија во БиХ
Американските и европските посредници во преговорите за измените на Изборниот закон на Босна и Херцеговина ќе започнат нова рунда разговори со политичарите од земјата, со цел да се најде решение за новиот изборен модел и да се осигура дека ќе биде усвоен од парламентите за да може да се примени веќе на општите избори планирани за октомври.
Локалните медиуми објавија дека Палмер и Ајхорст потоа планираат да ги соберат водачите на сите големи политички партии од Босна и Херцеговина зад затворени врати во Неум. За време на преговорите, кои би траеле до 30 јануари, треба да стане јасно дали е можно да се договори еден од изборните модели што треба да обезбеди спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права.
Неизвесно е во каков формат ќе се водат овие преговори, бидејќи Социјалдемократската партија (СДП) на Босна и Херцеговина потврди дека нивните претставници нема да одат во Неум, додека Наша партија (НС) соопштија дека ќе учествуваат во преговорите само доколку нивни предлог е на дневен ред.
Крајот на јануари беше одреден како краен рок за постигнување политички договор, со проценка од најмалку три месеци за формално усвојување на амандманите на Уставот и на Изборниот закон во Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, како што тоа мора да се направи до почетокот на мај кога ЦИК на Босна и Херцеговина има обврска да распише избори.
Заедничката посета на Ајхорст и Палмер е дел од тековните напори на Европската Унија и на САД во Босна и Херцеговина, со фокус на уставните и изборните реформи потребни за да се направи одлучувачки чекор кон ЕУ, да се елиминира дискриминацијата и да се зајакнат демократските граѓански права.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
