Американски граѓани порачуваат пици преку кол центар во Македонија
Десет илјади пицерии во 2.000 градови во САД ги добиваат порачките преку кол центар лоциран во Македонија. Триста вработени во „Слајс“ лоциран во Дебар и Охрид, даваат поддршка дневно на 10 до 20 илјади корисници во САД.
Станува збор за инвестиција на дебранецот Илир Сеља, кој повеќе од две децении живее и работи во САД, а на кој му беше доделена посебна плакета од градоначалникот на Дебар Ружди Љата за придонес во намалувањето на невработеноста, особено на младите.
Активна е во Дебар каде има 147 и во Охрид со 150 вработени, а Сеља најавува и нови 100 вработувања.
- Ова е една од најзначајнте инвестции, која дава позитивни резултати во намалувањето на неврабоеноста, посебно на младите, а со самото тоа и намалување на миграцијата. Уште повеќе,нејзиното значење е во фактот дека дебраните каде и да заминале сепак љубовта кон родниот крај ја негуваат како светост. Посебна благодарност упатувам до семејството Сеља,со чија нвестицја потврдија како може добро да се работи за своите сограѓани, рече градоначалникот Љата при доделувањето на плакетата на отворениот ден организиран во компанијата.
Сеља вели дека со помош на нивната платформа сите корисници во САД преку веб страницата порачуваат пица и од вработените добиваат 24-часовна поддршка.
Додава дека просечната возраст на вработените е од 24-28 години и тие се од сите националности кои живеат во двете општни. Поради зголемениот обем на работа тој најави нови најмалку 100 вработувања до крајот на годината.
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност