Американски генерал потврди дека течат разговори со Турција за зона околу Африн
Генерал Кенет Мекензи од американскиот Генералштаб денеска потврди дека САД и Турција водат разговори за формирање на безбедносна зона во северна Сирија, во областа Африн, која ќе и овозможи на Турција да биде безбедна од курдски напади преку границата.
Вчера турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека во тек се преговори за 30 километарска безбедносна зона, но американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ова го негираше. Денеска генералот Мекензи изјави дека недвосмислено продолжуваат преговори со Турција за зоната, и дека САД се во разговори со Турција за да ги заштитат нејзините легитимни безбедносни интереси.
САД ги вооружуваа и обучуваа припадниците на курдската група ЈПГ кои придонесоа во борбата против Исламската Држава, но по поразот на ИД, ескалираше конфликтот меѓу ЈПГ и Турција. САД имаат војници и инструктори во делови на северна Сирија кои потенцијално може да бидат цел на турски напад.
Ново на Сител
-
Случајот „Онкологија“ продолжува против поранешниот директор Васев и двајца онколози
-
Седница на Комисијата за надзор на работата на АНБ и на Агенцијата за разузнавање
-
Трамп со критика за Нетанјаху: Бомбардирањето на нашиот сојузник не е во ничиј интерес
-
Локални избори 2025: Јавниот увид во Избирачкиот список завршува утре, до 13 септември се доставуваат кандидатските листи
-
Би-Би-Си: Ова е пресвртница во тензиите на границата на НАТО
-
Руски дронови навлегоа во полскиот воздушен простор - Полјаците ги соборија
-
Денес сончево и топло
-
Младите македонски фудбалери поразени од Италија со 1:0