Loading Video...
Свет
13. February 2023 - 20:05

Американски борбени авиони соборија уште еден неидентификуван објект

Американските борбени авиони соборија уште еден, неидентификуван објект, овојпат над езерото Харон, во Мичиген. Пентагон соопшти дека објектот летал во близина на воена база и претставувал не само опасност за цивилната воздушна пловидба туку најверојатно вршел и разузнавачка активност. Ова е четврти инцидент од овој вид за помалку од една недела. Во тек е истрага, а американските генерали велат дека се е можно.

Пекинг со контрареакција, велат дека американски балони ја надлетуваат кинеската територија, а не обратно. Демантираат дека се поврзани со последните инциденти над Северна Америка.

Првиот човек на НАТО повика на будност. Столтенберг преупреди дека се зголеми разунавачките активности на Кина и Русија.