Американската војска тврди дека убила еден од водачите на ИД во Сирија
Хамза ал Хомси, еден од главните водачи на терористичката организација Исламска држава, е убиен во североисточна Сирија во хеликоптерски напад под команда на американската армија, а во акцијата се ранети четворица американски војници.
ИД денеска изврши напад во централна Сирија, во градот Сукна, во кој загинаа најмалку 36 цивили, објави Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. За разлика од оваа опозициска организација, државната телевизија соопшти дека загинале 53 лица.
Во кусото соопштение на американската војска се наведува дека нападот врз лидерот на ИД бил извршен во четвртокот вечерта во соработка со курдските борци од Сириските демократски сили, сојузници на САД.
Како што беше соопштено, во експлозијата при погодувањето на целта се ранети четворица американски војници. Не беше прецизирано кој дел од североисточна Сирија е извршен нападот, но беше наведено дека е потврдено дека е убиен лидерот на ИД - Хамза ал Хомси.
Американската војска уби двајца водачи на ИД во Сирија во изминатиите неколку години.
Ново на Сител
-
Две лица на кошаркарски натпревар во Куманово нападнале играч и пробале да му го соблечат дресот
-
Двајца кумановци, управители на угостителски објект, пуштале гласна музика во денови на жалост за трагедијата во Кочани
-
Путин: Резултатот од војната во Украина треба да биде долгорочен мир и безбедност за Русија
-
Рубио: Русија подготвува документ со барања за прекин на огнот во Украина
-
Во Ватикан почна инаугуративната миса на папата Лео Четиринаесетти
-
Ресенчанец возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без дозвола
-
Земјотрес со јачина од 3.4 степени почувствуван во Охрид и Струга
-
Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, уапсени три лица