-->
-->
Американската влада блокирана: Ѕидот на границата со Мексико ги подели политичарите! - Трамп бара пари
-->
Од полноќ во САД дојде до делумна блокада на владата по неуспехот на преговорите меѓу Републиканците и Демократите и околу спорот на барањето на претседателот Доналд Трамп, Конгресот да одвои 5 милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мексико.Откако не беше постигнат буџетскиот договор, лидерите на Конгресот и Белата куќа ветиле дека ќе продолжат со преговорите во текот на викендот во потрага по договор за ставање крај на владината блокада за време на божиќните празници.
Во петокот после полноќ , истекло буџетското финансирање на повеќе федерални агенции.
Трамп на Твитер преку видео порака се обрати: Нашата прекрасна земја мора да има безбедни граници.
Како што пренесува Ројтерс, Трамп во четвртокот ги притиснал републиканските пратеници во Претставничкиот дом за да го искористи законскиот предлог за краткорочно финансирање на дел од администрацијата како инструмент за "запленување" на пет милијарди долари потребни за да го кренат тој ѕид на границата, и покрај противењето на демократите.
По гласањето во Претставничкиот дом доцна во четвртокот, претседателот на Комитетот за буџет, Родни Фрелингенсон, побарал од Сенатот да донесе одлука за финансирање и да ја спречи блокадата на владата", но тоа не се случи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Чадот од српските пожари го покри романскиот град Тимишоара, дадени итни здравствени препораки
-

Мајка и татко од липковско психички и физички ја малтретирале својата 18-годишна ќерка
-

Уапсен 82-годишен маж, подолго време ја тепал својата 78-годишна сопруга
-

Кривична за 68-годишник од Демир Хисар, дома чувал четири различни видови на огнено оружје и 155 куршуми
-

Просечната нето плата во јуни 48.381 денар
-

Клековски: Средствата за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од СЗО
-

Мицкоски: Како држава годинава се справуваме најдобро со пожарите
-

Во водите на Охридското Езеро утре ќе се одржи 39. „Охридски пливачки маратон“
