Американската Амбасада во Софија изрази загриженост за позицијата на Радев дека Крим е руски
Амбасадата на САД во Бугарија реагираше во врска со изјавата на новоизбраниот бугарски претседател, Румен Радев, дека Крим е руски.
Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, во соопштението на амбасадата се наведува дека САД се длабоко загрижени од неодамнешната изјава на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, во која тој Крим го прогласи за „руски“.
Амбасадата на САД во Софија додаде дека САД, Г-7, Европската Унија и НАТО отсекогаш биле јасни и единствени во ставот дека и покрај обидот на Русија да го припои и актуелната окупација, Крим е украински.
Сите, вклучително и Бугарија, на Самитот на Кримската платформа во август годинава изјавија дека Крим е составен дел на Украина и дека не ги признаваме и нема да ги признаеме обидите на Русија да ја легитимира илегалната окупација и окупација на полуостровот.
Американската Амбасада во Бугарија во последните неколку дена ја изрази својата длабока загриженост пред бугарските власти, како во Вашингтон, така и во Софија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп