Американската актерка Лори Лoхлин оди в затвор за учество во криминално дело
Американската актерка Лори Лохлин и нејзинот сопруг, дизајнерот Мосимо Џианули, се изјаснија дека се виновни и ќе отслужат казна затвор за учество во криминален потфат.
Лохлин и Џианули се меѓу 50-те обвинети дека учествувале во наводен криминал за запишување деца на универзитет, иако тие ги отфрлија сите обвиненија на почетокот од судскиот процес.
Лохлин (55) прифати да служи затворска казна во траење од два месеца, и заедно со својот сопруг таа се согласи на договор што вклучува финансиски надомест и работа за хуманитарни цели под надзор.
Обвинителството соопшти дека Лохлин и Џианули платиле поткуп од половина милион долари за да ги запишат своите две ќерки на Универзитетот во Јужна Каролина, наводно како членови на веслачкиот тим.
Според условите на спогодбата, актерката ќе биде во затвор два месеца, ќе плати 150.000 долари и ќе има задолжителни 100 часа општествено корисна работа, додека нејзиниот сопруг ќе помине пет месеци в затвор, а ќе мора да плати и парична казна од 250.000 долари и задолжителни 250 часа општествено корисна работа.
Ново на Сител
-
ДКСК бара одговорност од Габер, директорката на АСЈО тврди по одлуката на судот запрен е процесот на тестирање
-
Во ОКТА отворен центар за обука од областа на противпожарната заштита
-
Преглед на вестите од светот
-
Силјановска на средба со папата во Ватикан
-
Судот му го одзема пасошот на Мемети
-
Оскар на хуманост од Црвениот Крст за Сител Телевизија
-
Врнежите од дожд не се добредојдени за пчеларството во Македонија
-
Преглед на вести од светот