Свет
24. August 2024 - 8:54

Американска војска убила водач на група поврзана со Ал Каеда

Американската војска соопшти дека извршила синоќа напад во Сирија во кој е убиен водач на група поврзана со Ал Каеда.

Цел на нападот бил Абу-Абд ал-Рахман ал-Маки, висок лидер на групата Хурас ал-Дин (позната и како Чувари на религијата) поврзана со Ал Каеда, објави американската Централна команда на социјалната мрежа Х.

Нападот со беспилотно летало го изврши коалицијата предводена од САД, формирана пред многу години за да се бори против милитантната група ИД.

Се наведува дека Ал-Маки бил „одговорен за надгледување на терористичките операции од Сирија“.