Американска банка ја откупува активата на пропаднатата банка „СВБ“
Американската банка „First Citizen“ ќе ги откупи сите депозити и заеми на банката „СВБ“, која банкротираше на почетокот на март, соопшти синоќа американската банкарска администрација (ФДИК) FDIC.
Трансакцијата се однесува на 72 милијарди долари активи на пропаднатата банка, соопшти ФДИК, наведувајќи дека денеска ќе се отворат 17 филијали на „СВБ“ со новото име „First Citizen“.
Колапсот на „СВБ“ (Банката на Силиконската долина) предизвика паника во банкарскиот сектор во САД, а последиците влијаеја и на европските пазари.
„СВБ“, кој беше банка блиска до технолошкиот сектор, одеднаш се најде во потешкотии кога беше објавена продажбата на финансиски обврзници во вредност од 21 милијарда долари, со загуба од 1,8 милијарди долари и со намера да привлече капитал.
Следеа масовни повлекувања на средства и на 10 март властите ја прогласија оваа банка за несолвентна и ја презедоа контролата врз нејзиниот имот, што беше најголемото пропаѓање на банката во САД од 2008 година.
Отсега со сите заеми и депозити на оваа институција ќе управува „First Citizen bank“, додека менаџментот на ФДИК ќе се грижи за преостанатите средства од 90 милијарди долари.
Колапсот на „СВБ“ ја потресе банкарската индустрија, што го натера ФДИК и другите американски регулатори да дејствуваат за да ги заштитат штедачите и да спречат поширок финансиски хаос.
Ново на Сител
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
-

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево со одлична динамика
-

Јавна дискусија на законот за трансплантација во Велес
