Американска амбасада: Изборите претставуваат значаен чекор кон демократијата
Како први избори одржани по влезот на Северна Македонија во НАТО и по поканата за започнување на преговори со ЕУ, овие избори претставуваат значаен чекор кон демократијата, се вели во ставот на Американската амбасада во Скопје за парламнетарните избори одржани на 15 јули годинава.
– Го поздравуваме големиот напор на локалната изборна администрација, што овозможи наспроти предизвиците со тековната пандемија, изборите да бидат организирани со сите напори за заштита на здравјето и на гласачите и на лицата ангажирани во изборните центри и набљудувачите. Како први генерални избори одржани по влезот на Северна Македонија во НАТО и по поканата за започнување на преговори со ЕУ, од почетокот на годината, овие избори претставуваат значаен чекор кон демократијата, се вели во ставот објавен на Фејсбук од американската амбасада во Скопје.
Од Амбасадата, исто така, изразуваат благодарност до ОДИХР за прелиминарната оценка на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност