Американка во брак со железничка станица
Една Американка „се омажи“ за железничка станица и тврди дека е во врска со неа веќе 36 години.

Карол Санта Фе (45) од Сан Диего во Калифорнија изјави дека во железничката станица се вљубила кога имала само девет години.
Иако оваа „врска“ не е законски одредена, таа се омажи за станицата во 2015 гдоина, а првата годишнина ја славеше минатиот Божик.
Госпоѓа Фе вели дека ментално води љубов со станицата и дека е свесна оти е личност која сексуално ја привлекуваат недвижнини, поточно објекти и структурата.
За венчавната таа рече дека и бил најсреќниот ден во нејзиниот живот, а секој ден доаѓа и поминува 45 минути на станицата.
- Секој ден одам околу неа, а потоа го бакнувам ѕидот, се потпирам со своето тело, секако облечена, призна таа, додавајќи дека како што со човек во јавност гола не би имала секс, така нема ниту со железничката станица.
Ново на Сител
-

СДСМ избра ново раководство - голем дел од членовите остануваат на истите позиции
-

30 уреди за мерење на бучава ќе ловат кои угостителски објекти пуштаат гласна музика и ги вознемируваат граѓаните
-

Централниот одбор на СДСМ избира ново раководство на партијата
-

Тема на денот со Анџела Агелер, амбасадорка на САД во земјава
-

СДСМ вечерва бира ново раководство
-

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски си поднесе оставка
-

СДСМ ја напушти седницата за пратенички прашања – немало да разговараат за Резолуцијата на мнозинството
-

СДСМ со платформа МИЦКО.мк ги повика граѓаните да пријават корупција, партијата избира ново раководство
