Американец со потекло од Нигерија нападнал полицаец во Градски парк, носел пиштол и големо количество муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија. По повеќе преземени истражни дејствија во текот на вчерашниот ден, како што информира Јавното обвинителство, се обезбедија докази за основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
Против него е поведена постапка за делото „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Осомничениот вчера во раните утрински часови, пред ноќен клуб во Градскиот парк, нападнал полицаец кој се обидел да го легитимира. Со удари со тупаници му нанел телесна повреда на полицаецот, а потоа бил совладан и кај него бил пронајден полуавтоматски пиштол „Глок“ со калибар 9 мм Para, како и две рамки со 30 куршуми за тој пиштол.
-Откако беше утврдено дека странскиот државјанин престојува во хостел во Скопје, јавниот обвинител обезбеди наредба за претрес и во собата во која престојувал осомничениот, каде исто така било пронајдено поголемо количество оружје и муниција – уште еден пиштол „Глок“, три рамки со по 15 куршуми, дополнителни 75 куршуми во зипер ќеси, комплет за чистење оружје, три ножа, како и други предмети – фантомка, тактички ракавици, бандажери за раце, сајли за врзување, усб и хартиени документи, за кои е издадена наредба за вештачење, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои реална опасност од бегство, можност да влијае врз постапката и сведоците и да ги прикрива доказите, како и опасност да изврши друго кривично дело.
МИА
Ново на Сител
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
-

Антонели: Верстапен е одличен не само како возач, туку и како личност
-

Швајцарија без Џака во Скопје поради лажен сертификат за Ковид - 19 вакцина
