Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп
Откако излезните анкети во САД почнаа да укажуваат на второто претседателство на Доналд Трамп, многу Американци веќе бараа друг излез – заминување во странство.
Пребарувањата на Гугл за „селење во Канада“ скокнаа за 1.270 отсто во првите 24 часа по затворањето на гласачките места на источниот брег на САД, покажуваат податоците на компанијата.
Слични пребарувања за селење во Нов Зеланд се зголемиле за речиси 2.000 отсто, додека за Австралија скокнале за 820 отсто.
Доцна во средата навечер на американскиот источен брег, пребарувањата на Гугл за емиграцијата достигнаа рекордно ниво за сите три земји, според претставник на компанијата.
Пребарувачот не дава апсолутни бројки, но податоците од веб-страницата „Имиграција Нов Зеланд“ покажуваат дека страницата регистрирала околу 25.000 нови американски корисници на 7 ноември, во споредба со 1.500 истиот ден минатата година.
Некои адвокати за имиграција се исто така преплавени со прашања.
Ненадејниот ентузијазам за иселување го отсликува интересот за заминување во странство, забележан по победата на Трамп во 2016 година. Овој пат, сепак, реизборот на републиканецот дојде по особено поделена кампања во која речиси три четвртини од американските гласачи изјавија дека веруваат дека американската демократија е под закана, според излезните анкети на Едисон Рисрч.
Многу Американци, исто така, се загрижени дека неговото претседателство може дополнително да ги подели демократите и републиканците за прашања како што се расата, полот, образованието и репродуктивните права.
Ново на Сител
-
Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир, Таравари добива четири, а Села три општини
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДУИ носи одлуки
-
Работничка останала без работа откако кажала дека е бремена - КСЗД утврди дискриминација
-
Сите чекаат Димитриевска сама да замине од Антикорупциска
-
Академската фела со реакции за предлогот за заедничка резолуција со Бугарија
-
Мицкоски: Бугарија може да покаже дека е добар сосед
-
Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси