Џет-Сет
2. February 2017 - 17:12

Американците фрапирани, мрмотот го предвиде најстрашното

Денеска е „Денот на мрмотот“ - најголемиот празник во Пенсилванија.

Тоа е денот кој Бил Мари го преживуваше одново и одново во истоимената комедија од 1993 година.

Најпознатиот американски мрмот, „Фил“, излезе в зора од свето дувло во Пенсилванија, ја здогледа својата сенка и така, според верувањето прогнозираше уште 6 недели зима за жителите на Северна Америка.

Околу 30.000 се собраа на Денот на мрмотот, 2. февруари во гратчето Панксатона, во Пенсилванија, за да ја дознае „временската прогноза“ од малиот крзнене метеролог.

Секој 2. февруари од 1887 година во местото Гоблерс Ноб во американската држава Пенсилванија се собираат луѓе во исчекување „Фил“ да прогнозира дали ќе има уште зима или ќе дојде пролет.

Според податоците кои сепак не се целосно зачувани за овие 130 години, мрмотот 103 пати „предвидел“ дека зимата ќе потрае, а 18 пати, меѓуи кои и минатата година, дека брзо ќе заврши.

-Ако му се верува на Фил, кој сепак може да погреши, годинава зимата ќе потрае, сметаат мештаните.

На ритчето во Гоблерс Ноб, на 105 километри североисточно од Пистсбург, секоја година се собираат љубопитни кои чекаат Фил да го претскаже времето. Локалните власти сето ова време и покрај студенилото дојдоа да го видат Фил, а се огранизираше и музичка забава и огномет инспириран од „Ѕвездените патеки“.

Според вообичаеното верување, ако мрмотот не се вратеше во својата дупка, тоа ќе беше најава дека наскоро ќе дојде пролетта.

Германците кои исто така го посматрале излегувањето на јазовецот од зимскиот сон, го донеле овој обичај за прогнозирање на времето во САД, а потомците на Холанѓаните во Пенсилванија го замениле со мрмот, веројатно зошто овие животни биле распространети на ова подрачје.