Амели де Монтшалан: Западен Балкан според географијата има европска перспектива
Француската државна секретарка за Европски работи при Министерството за Европа и надворешни работи, Амели де Монтшалан, во неделното интервју за Франс Интер, Ле Монд и Франс Телевизион отворено не кажа кога Северна Македонија и Албанија ќе добијат датум за преговори за членство во ЕУ, нагласувајќи дека тие имаат европска перспектива и дека за тоа ќе се расправа на состанокот во Луксембург, јавува дописникот на МИА.
Амели де Монтшалан, го повтори она што веќе подолго време се кажува од официјалните француски претставници, дека земјите од Западен Балкан имаат европска перспектива според нивната географија.
– Од секогаш велиме дека Западен Балкан според неговата географија имаат европска перспектива. Од секогаш велиме дека за да има проширување, Европа треба да се реформира одвнатре, бидејќи во сегашниве услови тоа е лудост. Исто така велиме дека треба да работиме за ако се отворат преговорите да бидат поврзани со реформите, посебно тие со правната држава. Ние ќе дискутираме за сите реформи поврзани со правната држава, како реформата на правосудството, борбата против корупцијата, организацијата на институциите. За ова ќе дискутираме со Европската комисија, рече таа.
Монтшалан, која неодамна имаше средба со претставници на македонската влада во Париз, останува неопределна кога Северна Македонија и Албанија ќе добијат датум за преговори, нагласувајќи дека тие имаат европска перспектива и дека за тоа ќе се расправа на состанокот во Луксембург.
-Од секогаш велиме дека Западен Балкан има европска перспектива. Дали моментот за тоа е сега, дали условите се исполнети, дали преговорите ќе одат подалеку, за тоа од вторник ќе се дискутира на Советот за општи работи во Луксембург, каде што ќе бидам присутна и најверојатно и во месеците што доаѓаат. Тоа се сложени прашања. Отворањето на преговорите, тоа го видовме за некои земји, воопшто не значи членство, Турција преговара повеќе децении, значи нештата треба да се гледаат во етапи, заврши француската државна секретарка за европски работи.
Ново на Сител
-
Двајца кумановци, управители на угостителски објект, пуштале гласна музика во денови на жалост за трагедијата во Кочани
-
Путин: Резултатот од војната во Украина треба да биде долгорочен мир и безбедност за Русија
-
Рубио: Русија подготвува документ со барања за прекин на огнот во Украина
-
Во Ватикан почна инаугуративната миса на папата Лео Четиринаесетти
-
Ресенчанец возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без дозвола
-
Земјотрес со јачина од 3.4 степени почувствуван во Охрид и Струга
-
Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, уапсени три лица
-
Најмногу дожд наврна во Скопје