Амбасадорот Жбогар очекува земјава во јуни да добие преговори со ЕУ
Очекувам и се надевам дека во јуни земјите членки ќе усвојат позитивен извештај за да може Северна Македонија да добие преговори за членство во ЕУ, истакна денеска амбасадорот на ЕУ во нашата држава, Самуел Жбогар при посетата на Струмица.
Додаде дека најважното прашање за името со Република Грција е затворено, како и добрите односи со другите соседи.
-Сега е потребно да ги видиме реформите, кои ги следиме и во јуни ќе се направи проценка и се надевам дека потоа ќе почнат преговорите, зашто токму тие преговори ќе ја донесат промената која сакат да ја видат не само младите, туку и граѓаните на земјата, рече амбасадорот Самуел Жбогар.
Тој денеска оствари средба со ученици од Гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“, а се сретна и со градоначалникот Коста Јаневски.
Ново на Сител
-
Разрешувањата во Судски совет ќе чекаат законски измени
-
Младите во Британија не знаат да променат сијалица, во Македонија велат тоа го прават без проблем
-
Руте: Време е за војна – вака треба да размислуваме
-
Преглед на вестите на светот
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа