-->
-->
Амбасадорот на САД во Романија ги поздрави масовните протести
-->

Амбасадорот на САД во Романија Ханс Клем ги пофали масовните протести против корупцијата и ги охрабри Романците да бидат ангажирани.
- Изминатите денови во исто време беа динамични и многу ефективни. Ги поздравуваме слободата на медиумите и здружувањето, што не беа пропратени од насилство и ги охрабруваме сите Романци да останат ангажирани во граѓанскиот процес, изјави амбасадорот Ханс Клем.
По пожарот во ноќен клуб во петокот во Букурешт, во која загинаа 32, а приближно 200 беа повредени, Романија е зафатена од протести, кои продолжија и по вчерашната оставка на премиерот Виктор Понта. Демонстрантите бараат подобра власт и поголема отчетност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мемеди за Сител: Викендов се очекуваат три чартер лета за евакуација на Македонците од Емиратите
-

Безбедносната состојба стабилна – можни притисоци врз цената на горивата
-

ЕКРИ: Потребна е финасиска автономија на КСЗД и Народниот правобранител
-

Доцни тендерот за лекови за ретки болести
-

Повторно блокади на граничните премини?!
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
