Амбасадорката на БиХ во посета на Куманово
Во протоколарна посета на општина Куманово денеска престојуваше амбасадорката на Босна и Херцеговина Лепа Бабиќ која оставри средба со градоначалникот на Зоран Дамјановски. На средбата амбасадорката Бабиќ и Дамјановски разговараа за пријателските односи на двете држави и за соработката на Куманово со некои од градовите во Босна и Херцеговина.
- Двете дражави имаат извонредна соработка и особено на ниво на локални сампоуправи, што се потврдува со години наназад. Имаме одлична соработка со братските градови на ниво на образование, култура, рече Дамјановски по средбата.
Тој потсети дека не изостанала поддршката на Куманово за време на поплавите во Босна и Херцеговина со што, рече, се потврдува почитувањето на традициите и на основните постулати на братските и пријателските градови и секако на пријателска држава, Босна и Херцеговина.
Освен за соработката на полето на културата, на средбата се разговарало, информираше Дамјановски и за економската соработка, за која рече ќе ја утврдат стопанските комори и бизнис заедниците од двете држави.
Амбасадорката Бабиќ, рече дека по една година од незјиниот престој во Македонија, оставрува посета на Куманово, за кое рече дека како општина оставрува плодна соработка со општините во Босна и Херцеговина. Соработката вели се покажала и за време на елементарните непогоди, првин во Босна и Херцеговина, а годинава и во Македонија.
- Она за што можеме да се пофалиме е добрата културна соработка. Она за што разговараме јас и градоначалникот е дека економската соработка може да се подигне на едно повисоко ниво, рече амбасадорката Бабиќ.
Босна и Херцеговина и Македонија, нагласи амбасадорката немаат отворени прашања, што е голема предност и додаде дека двете држави имаат пријателски односи.
Таа најави дека на 5 октомври Амбасадата организира настан од областа на културата на која ќе презентираат дел од културното наследство на Босна и Херцеговина и на која ќе бидат презентирани дел од делата на книжевниците Јован Дучиќ, Иво Андриќ и Алекса Шантиќ. Амабсадорката најави дека и групата „Диванхана„ ќе настапи со севдалинка во џез и поп верзија. Ова, рече, е еден дел од соработката на културно ниво кое треба да се подигне на повисоко ниво.
Ново на Сител
-
Без струја дел од корисниците на ул. „Иван Манолев“ во Бутел и ул. „Тодор Чангов“ во Аеродром
-
Путин: Обидите на Западот да ја внесе Украина во НАТО се причина за „украинската криза“
-
Најмалку 250 загинати и над 500 повредени во силен земјотрес во Авганистан
-
Во Нови Сад се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица
-
Сончево со умерена облачност
-
Групна тепачка во Батинци, учествувале 11 лица, употребени и остри предмети
-
ЦУК: Вкупно 12 пожари на отворен простор, два активни, еден под контрола и девет изгаснати
-
Пожарот кај Вардариште ставен под контрола, постепено се вклучува струја во Аеродром и Ново Лисиче